Top Sport

Манчестер Јунајтед испратиле понуда за Даглас Кошта

Манчестер Јунајтед испратиле понуда во Торино од 60 милиони евра за фудбалерот на Јувентус, Даглас Кошта, објави „Раи спорт“.

Бразилецот, оваа сезона грчевито се бор за своите минути, а речиси и да не беше стартер во тимот на Масимилијано Алегри. Кошта, минатат сезона како позајмен фудбалер од Баерн пристигна во Јувентус, а по добрите партии екипата од Торино за 40 милиони евра го откупи неговиот договор.

Сепак, оваа сезона никако не може да ја најде формата, поради што има одиграно само 363 минути во Серија А.

Понудата од 60 милиони евра може да ги натера челниците на тимот да го продадат во Манчестер Јунајтед.

Кошта има 28 години, во Европа пристигна од Гремио во Шахтјор.

Scroll to Top