Најдобриот играч на Голден стејт Вориорс, Стеф Кари, неодамна се здоби со фрактура на дланката, поради што се појавија шпекулации дека тој повеќе нема да игра оваа сезона.
Американските медиуми тврдат дека клубот нема да ризикува и дека Кари ќе отсуствува цела сезона исто како и Клеј Томпсон.
Сепак Кари е оптимист и тврди дека ќе се врати на теренот во текот на сезоната.
„Дефинитивно очекувам да се вратам. Не знам кога, мислам на пролет. Прашање е колку ќе трае рехабилитацијата. До сега неу имал ваква повреда. Во декември ќе има уште една операција. По новата година планирам да започнам со вежби во теретана, па со шутот. Исто така ќе се обидам да бидам си тимот цело време“, рекол Кари.
Ворирос имаат само две победи, а според коментаторите тие немаат шанси сезонава да изборат пласман во плеј-офот.