Top Sport

Кармело го одигра мечот на сезоната и се прости од „Медисон Сквер Гарден“

Кармело Ентони пред месец ипол доби прилика за достоинствен завршеток на кариерата, а синоќа затвори уште едно поглавје одигрувајќи го, најверојатно, својот последен меч во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк која 6 години му беше дом.

Ентони го одигра мечот на сезоната, со 26 поени и шут 11 од 17, со 7 скока. Сепак недоволно за неговиот Портланд да слави против Њујорк Никс.

Ова беше прв меч за Кармело во оваа сала од 2017 година кога гостуваше како играч на Оклахома.
Враќањето на легендарниот НБА играч во Њујорк кај него разбуди многу емоции, а навивачите го поздравија со овации.

„Дефинитивно почувствував љубов“ – рече по мечот.

Тој кај Никси стигна во 2011 година, а за 6 години со него во тимот, имаа големи подеми и падови. Во најдобри сеќавања за навивачите е сезоната 2012/2013 кога Никси имаа 54 победи, а Кармело имаше просек од 28.7 поени по меч и заврши како трет во поредокот за МВП трофејот.

Ентони премина во Оклахома во 2017-та, а сега е играч на Портланд.

Scroll to Top