Некогашниот осми светски тенисер, Австралиецот Марк Филипусис смета дека на врвот на АТП листата следната сезона нема да има промени во однос на 2019 година.
„Не се осудувам да речам дека доминацијата на Надал и Ѓоковиќ че заврпи во 2020. Ѓоковиќ делува дека има уште 3 до 4 години на врвно ниво, ако биде здрав. И Надал делува брзо, мислам дека нема да забави во наредните година, две“ – вели тој.
Филипусис се осврна и на Роџер Федерер.
„Со него е друга приказна. Не затоа што се сомневам во него, но Вимблдон беше тежок, две пропуштени меч топки се горка пилула. Дефинитивно ќе мисли за тоа, знам колку ги цени грен слем титулите. Ако има таква годинава, тоа ќе е во Лондон. Можеби ќе има шанса и во Австралија, последните години подлогата во Мелбурн е се побрза“ – смета екс-тенисерот.
Филипусис кој е поранешен финалист на Вимблдон се надева дека и некој од младите играчи ќе се пробие.
„Моја недеж се Циципас, Тим и Зверев, а ми се допаѓа како игра и Шаповалов. Димитров покажа напредок минатата сезона, во финишот, но сервисот му е проблем. Не смееме да го заборавиме и Медведев“ – заклучи 43-годишниот Филипусис.