Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп порача дека нема да има нови засилување во зимскиот преоден рок во таборот на „црвените“ освен Јапонецот Такуми Минамино кој доаѓа на „Енфилд“ од австриски Салцбург. Клоп е дециден дека е задоволен од она што го има на располагање.
„Секоја година сме во иста ситуација. Секогаш е незгодно, така да накверојатно нема да сме премногу ангажирани кога се работи за преодниот рок“ – вели Герменецот.
Јапонското засилување на Ливерпул ќе има прилика за деби наскоро на мечот од ФА купот со Евертон, затоа што Клоп моментно нема премногу играчи на располагање.
„Имаме се на се 13 сениорски играчи плус Такуми, но тој нема да може да игра пред викендот. Немаме многу алтернативи на некои позиции, па некои млади играчи ќе мора да играат. Матип е се подобар, Фабињо исто така изгледа подобро. Шаќири, Ловрен исто така, но тој се уште не е подготвен. Се уште им трена време“ – вели Клоп.