Top Sport

Каваи Ленард и Пол Џорџ во ЛА Клиперс!

Кавај Ленард, најкорисниот играч на годинешната финална серија решил да потпише договор со ЛА Клиперс. Најпознатиот НБА-инсајдер, новинарот Адријан Војнаровски, објави дека покрај Ленард во Клиперс ќе пристигне и Пол Џорџ од Оклахома сити Тандер.

Човекот кој на Торонто им ја донесе титулата, Каваи Ленард, ги изненади сите во САД и реши да потпише со франшизата за која се тврдеше дека има најмалку шанси да го донесе во своите редови.

Популарниот „Канџа“ реши да ги напушти Торонто, се враќа дома но не во ЛА Лејкерс, туку во ЛА Клиперс. Тој ќе потпише четири годишен договор за 142 милиони долари.

Исто така Клиперс шокираа со информацијата дека покрај Ленард во екипата ќе пристигне и најдобриот играч на Оклахома минатата сезона, кој беше избран и во идеалната петорка, Пол Џорџ.

За Џорџ Клиперси во Оклахома ќе ги испратат Данило Галинари и Шеј Гилџерс-Александер како и не колку пикови од идните драфтови во НБА.

Scroll to Top