Top Sport

Понуда за Погба што не се одбива?

Пол Погба дефинитивно сака да ги напушти Манчестер Јунајтед, а англиските медиуми тврдат дека Реал Мадрид интензивно работат на трансферот. Интерес за Погба покажуваа и од Јувентус, но тие во овој момент се фокусирани на трансферот на Матијас Де Лихт.

Реал Мадрид на Манчестер Јунајтед за Погба им понудиле пари (75 милиони евра) и еден фудбалер (Герет Бејл или Иско). На „Сантијаго Бернабеу“ биле убедени дека оваа понуда е најдобра за трите страни.

Вчера менаџерот на Погба, Мино Рајола, потврдил дека неговиот клиент имал желба да замине од „Олд Трафорд“.

Рајола: Сите во Манчестер јунајтед знаат дека Погба сака да си оди

Scroll to Top