Американецот Кевин Кресвел (Кеј Си) Риверс во понеделникот официјално стана ново засилување на српскиот шампион Црвена звезда.
Искусниот 30-годишник може да игра на три позиции, а последните десет години играше во најголемите европски клубови (Бенетон, Химки, Реал Мадрид, Панатинаикос и Баерн). Тој ја почна сезоната во италијанскиот Реџо Емилија пред да потпише за Звезда.
„Се работи за голем клуб со богата историја и во минатото имав шанси да играм во Белград и видов што тоа значи. Тие навивачи, таа атмосфера… Фантастично. Кој не би сакал да игра со таква поддршка. Подготвен сум да помогнам тимот да победува и да се врати во Евролигата“, изјави Риверс, кој ќе го носи дресот со број 23.
Rivers i zvanično u dresu Crvene zvezde! | ?: https://t.co/5DuHgZSPZs
Welcome! ?⚪️#WeAreTheTeam #kkcz #Zvezdas pic.twitter.com/aVRj8zfBeh— KK Crvena zvezda (@kkcrvenazvezda) February 11, 2019