Top Sport

Кемба Вокер: Со отказите не израдуваа, добивме животна шанса!

Плејмејкерот на Бостон Селтикс, Кемба Вокер смета дека селекцијата на САД има што да покаже на претстојниот Мундобаскет во Кина откако голем број од повиканите НБА играчи ги откажаа своите настапи за националната селекција.

Најголемите имиња кои се појави на првиот тренинг на селекторот на САД, Грег попович се Вокер, Кајл Лаури, Крис Мидлтон и Џејсон Тејтум.

„Добивме животна шанса, многу од нас се среќни што тие момци се повлекоа, ова е можноста за ние да го покажеме талентот на големата сцена. Тоа е шанса за нас да направиме нешто ново. Тимот ќе изгледа поинаку, сите се сомневаат во нас, но ние сме гладни за успех“ – рече Кемба Вокер кој до скоро го носеше дресот на Шарлот.

Американците на СП се во група со Чешка, Тирција и Јапонија.

Scroll to Top