Top Sport

„Милионот на Ѓоковиќ буквално спасува животи“

Директорот на здравствениот центар во Бергамо Петер Асембергс открил како е потрошена донацијата на Новак Ѓоковиќ. Бергамо е епицентарот на италијанската и светската пандемија на коронавирусот.

Ѓоковиќ на градот Бергамо му донираше еден милион евра. Парите биле искористени за опремување на две локални болници.

„Со неговата донација спасуваме животи. Ги зголемуваме капацитетите, тоа ни беше неопходно бидејќи досега луѓе во агонија лежеа и умираа во чекалните. Исто така купуваме апарати од дефиблатори до монитори и заштитна опрема за персоналот“, рекол Асембергс.

Докторот открил дека со својата донација мотивирал и други познати личности да им помогнат на болниците во покраината Ломбардија.

„Неговата донација покрена лавина. Започнаа да пристигнуваа донации од сите страни. За помалку од 48 часа добивме 10 милиони евра. Меѓу другите донираа пејачот Роби Факинети, трофејната пливачка Федерика Пелегрини…“.

Досега во Ломбардија со вирусот се заразени 65.000 луѓе, од коронавирусот починал повеќе од 12.000 лица.

Scroll to Top