Top Sport

КФСМ им одреди парични казни на Пелистер и на МЗТ Скопје за мечевите од финалната серија

Кошаркарскиот клуб Пелистер доби парична казна од вкупно 146.000 денари од КФСМ за неспортскиот однос на кошаркарите, клупата и на навивачите на трибините за време на финалната серија против МЗТ Скопје.

Битолчани ќе треба да платат за техничките грешки на играчите, тренерот и клупата, за навредите кон претседателот Перо Антиќ и за плукањето кон противничките кошаркари за време на вториот меч во Битола.

Шампионот МЗТ Скопје за лоша организација на натпреварите од финалната серија ќе треба да плати нешто над 30.000 денари, најголем дел од нив за фрлање на тврди предмети на теренот за време на третиот меч.

Scroll to Top