Top Sport

Ќерката на Џордан на Интернет дознавала зошто нејзиниот татко е познат

Џасмин Џордан, 27-годишната ќерка на НБА легендата Мајкл Џордан, вели дека додека била помала не сфаќала зошто нејзиниот татко е „легенда“ и морала преку Гугл да дознава зошто се прави „голема работа“ околу него.

„Кога бев дете и раснев, не сфаќам што се случува бидејќи бев многу млада. Сега можеби звучи смешно, но всушност одев на Гугл да го побарам мојот татко за да дознаам што се случува. Се чудев зошто сите се заинтересирани за него, ти си само тато, не си толку кул. Но, на крајот сфатив дека е ’голема работа’“, вели Џасмин во интервју за „Спортсцентар“.

Џасмин е родена во декември 1992, со што имала пет и пол години од последната титула на Џордан и 10 години кога тој го одигра последниот НБА натпревар.

Џордан и мајката на Џасмин, Хуанита е разведоа во 2006. Втората сопруга на Џордан, Ивет Прието, се породи со близначки во февруари 2014.

Scroll to Top