Американецот Кајл Кјурик го продолжи договорот со Барселона. Поранешниот судент на универзитетот Луивил во Каталонија ќе остане до 2022 година.
30 годишникот од Индијана е еден од најдобрите шутери во Евролигата. Евфропската кариера ја започна во Естудијантес, потоа играше во Гран Канарија и Зенит, а од 2018 година е во Барселона.
Кјурик има пасош на Словачка и настапува за оваа репрезентација.