Top Sport

КК Пелистер го загуби финалето во Бугарија

Maкедонскиот кошаркарски вицепрвак Пелистер доживеа пораз во финалето на меѓународниот турнир „Георги Христов“ во Ботевград. Со 94:89 од „пелистерци“ подобри беа кошаркарите на Спартак Плевен.

Битолчани претјодно славеа против бугарскиот шампион Балкан од Ботевград со 71:76, но немаа доволно сили против Спартак Плевен, иако имаа водство по првите две четвртини.

Оваа сезона Пелистер ќе биде дел од АБА 2, а има големи амбиции и во првенството на Македонија.

Scroll to Top