Top Sport

Клиперси „го оживеаја“ центарот Жоаким Ноа

Францускиот кошаркарски центар, Жоаким Ноа е нов кошаркар на Лос Анџелес Клиперс, пренесува кошаркарскиот експерт, новинарот Адријан Војнаровски.


Информациите кои пристигнуваат од САД се дека Ноа потпишал 10-дневен договор со Клиперси, но се верува дека во ЛА ќе биде до крајот на сезоната.

Се очекува, своевремено играчот кој беше прогласен за најдобар дефанзивец во НБА да биде од голема помош во плеј-офот.

Французинот не успеа да направи позабележителна кариера пред се поради бројните повреди.

Американските медиуми пишуваат дека Клиперси повлекле ваков потег за Ноа да биде трета опција покрај Ивица Зубац и Монтрез Херел.

Останува да се види колку 35-годишниот кошаркар кој е склон на повреди ќе успее да се снајде во Клиперси.

Scroll to Top