Top Sport

Клиперси израмнија против Далас – Ленард и Џорџ ги растурија Маверикс

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го израмнија резулатот во серијата со Далас Маверикс. Откако беа поразени во првите две средни на домашен терен, Клиперс ги добија наредните две во Далас. Четвртиот меч од серијата Клиперси го добија со 106:81.

Клиперси прашањето на победикот го решија во првото полувреме, во втората четвртина стекнаа предност од 28 поени. Каваи Ленерд забележа дабл-дабл од 29 поени и 10 скокови, а Пол Џорџ постигна 20 поени.

Лука Доничиќ кој има проблем повреда на рамото натпреварот го заврши со 19 поени и по шест скока и асистенции, поен помалку постигна Кристапс Прозингис.

Серијата сега се враќа во Лос Анџелес, петтиот натпревар се игра во четврток.

Scroll to Top