Top Sport

Мициќ и Ларкин ја донесоа првата титула од Евролигата за Ефес

Анадолу Ефес првпат во својата историја го кренаа трофејот од Евролигата, откако предводени од МВП на натпреварувањето, Василије Мициќ во „Ланксес арената“ во Келн во драматичен меч со 86:81 (15:22, 24:14, 26:22, 21:23) го совлада тимот со најдобар скор во регуларната сезона, Барселона.

Барселона почнаа одлично, поведувајќи со 22:16, но Ефес се врати во тешката втора четвртина за на полувреме да отиде со 39:36 предност. Во третата четвртина, предводени од Мициќ и Шејн Ларкин, Ефес стигна до десет поени предност (51:41), но Барселона се обиде да остане во игра и успеа да израмни на 69:69. Сепак, финишот му припадна на турскиот клуб за историска победа на „пиварите“.

Мициќ ја потврди улогата на МВП оваа сезона во европската елитна кошарка со 25 поени, Ларкин додаде 21, додека Кори Хигинс беше најефикасен кај Барса со 23 поени.

Scroll to Top