Top Sport

Ибрахимовиќ се враќа во Милан, потврдија од МЛС

Дон Гарбер, комисионерот на американската МЛС лига тврди дека шведскиот интернационалец, Златан Ибрахимовиќ потпишал договор со Милан.

„Златан е интересен лик. Поради него сум многу зафатен и такви луѓе ни се потребни, како што го имавме Дејвид Бекам до пред неколку години. Има 38 години и повторно потпиша договор со Милан, еден од најголемите клубови во светот“ – изјавил Гарбер за „ЕСПН“.

Ибрахимовиќ во богатата кариера има настапувано и во дресот на Милан, од 2010 до 2012 година. Во периодот поминат на „Сан Сиро“ Швеѓанецот постигна 56 гола, а имаше и 24 асистенции на вкупно 85 натпревари во „црвено-црниот“ дрес.

Од Милано, Ибра замина во француски ПСЖ, но тој трансфер, според информациите, бил спротивно на неговата желба.
Засега нема официјални информации од клубовите, па останува да видиме дали ова е шпекулација или вистина.

Scroll to Top