Индијана води против Кливленд 2:1, а Вашингтон и Милвоки ги забележаа првите победи во сериите против Торонто, односно Бостон. Во овие серии Торонто и Бостон водат 2:1.
Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ го одигра најдобриот меч во кариерата, заедно со Виктор Оладипо ја вратија Индијана од негатива од 17 поени, а потоа го трасираа патот до победата.
Кливленд на полувреме имаше огромни 57:40, но тоа беше се што прикажаа Кавалирс на мечот во Индијанаполис.
Пејсерс полека ја топеше предноста на противникот, а во средишницата на последниот период го презеде водството.
Во неизвесната завршница Леброн Џејмс и Кевин Лав со две тројки го доближија Кливленд на поен негатива (91:90), потоа Дарен Колисон погоди само едно слободно фрлање, а Џеј Ар Смит од тешка позиција не успеа да погоди тројка за Кливленд, па Индијана победи 92:90.
Богдановиќ постигна 30 поени, тој погоди седум од деветте обиди за три поени. Виктор Оладипо мечот го заврши со 18 поени, шест скока и седум асистенции. Кај Кливленд се истакна Леброн Џејмс со 28 поени, 12 скока и осум асистенции, додека Кевин Лав уфрли 19 поени.
Вашингтон го добија Торонто 122:103 и го намалија резултатот во серијата на 2:1. Вашингтон до оваа победа го предводеа бековите Џон Вол и Бредли Бил, двајцата постигнаа по 28 поени.
Убедлива победа, прва во серијата забележаа и кошаркарите на Милвоки Бакс. Тие славеа над Бостон Селтикс 116:92. Крис Мидлтон со 23 и Јанис Адетокумбо со 19 поени го предводеа Милвоки до победата.