Top Sport

Клубот кој на светот му го даде Вембањама прогласи банкрот

Францускиот кошаркарски клуб Булоњ Метрополитанс од Париз официјално прогласи банкрот и ќе престане да постои 17 години по основањето.

„Во договор со партнерите, одлучено е клубот да не аплицира за регистрација во францускиот Про Б шампионат за следната сезона“, се вели во клупското соопштение.

На крајот од регуларниот тек на француската елита клубот испадна во понизок ранг, но поради финансиски проблеми не само што не ги достави документите за лиценца и играње во Втората лига, туку беше донесена одлука да прогласи стечај и да се повлече од сите натпреварувања.

Метрополитанс е основан во 2007 година како наследник на легендарниот клуб Париз Баскет Рејсинг, кој згасна во 2006 година.

Под новото име, Метрополитанс го освоија Купот на Франција во 2013 година, дури четири пати играа во Еврокупот во периодот од 2014 до 2022 година, но челниците на клубот не успеаја да ги решат насобраните финансиски проблеми, па се решија на најрадикалниот потег.

Во сезоната 2022/23, за клубот играше Виктор Вембањама, првиот пик од минатогодишниот драфт и најдоба дебитант во НБА лигата оваа сезона.

Scroll to Top