Top Sport

Коби, Данкан и Гарнет влегоа во Куќата на славните

Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин Гарнет се примени во кошаркарската Куќа на славните. Покрај овие тројца од класата 2020 во Куќата на славните се примени Руди Томљановиќ, Тамика Кечингс, Еди Сатон, Ким Малки, Барбара Стивенс и Патрик Бауман.

Коби Брајант целата кариера ја мина во Лос Анџелес Лејкерс (1996-2016). Со „езерџиите“ освои пет титули, еднаш беше МВП на регуларниот дел од сезоната, а два пати МВП на финалните натпревари, 18 пати бил Ол-стар, а 11 пати играл на Ол стар натпреварот.

Брајант на 26 јануари загина во хеликоптерска несреќа.

Тим Данкан исто така целата кариера ја мина во еден клуб, Сан Антонио Спарс (1997-2016). Со франшизата од Тексас освоил пет шампионски прстени.

Два пати бил МВП на регуларниот дел од сезоната, три пати бил МВП на финалните натпревари, 15 пати бил Ол стар, 10 пати бил во најдобриот тим на сезоната.

Кевин Гарнет играл за Минесота Тимбервулфс, Бостон Селтикс и Бруклин Нетс. Има еден шампионски прстен, со Селтикс во 2008 година. Еднаш бил МВП на сезоната, 15 пати бил Ол стар, а четири пати бил избран во најдобрата петорка.

Scroll to Top