Top Sport

Коби: Деновите на „Дрим тимот“ се завршени, сега ќе биде тешко да победуваме

Коби Брајант вели дека американската кошаркарска репрезентација треба да се „навикне“ на поразите и да ја прифати новата реалност во губење на големите натпреварувања.

Брајант беше дел од втората најславна американска репрезентација, веднаш по оригиналниот „Дрим тим“ во 1992 година. Во 2008 година тој го освои златото на Олимпијадата во 2008 година и играше на стартот на низата од 58 победи на турнирите за Американците која прекина со поразот од Франција оваа недела. Тој вели дека пред Токио 2020, репрезентацијата мора да се „крене“.

„Не се работи за тоа дали остатокот од светот ги стигна САД, бидејќи тие веќе одамна не стигнаа. Сега доаѓаме до момент во кој американската репрезентација ќе победува и ќе губи. И така одат работите“, вели Брајант, кој присуствува на Мундијалот во Кина.

Брајант исто така смета дека проблемите на САД не се во тоа што дел од НБА ѕвездите решија да не играат ова лето.

„Го слушам тоа често: ’Дали го пративме најдобриот можен тим?’. Морате да се потсетите дека кога јас играв моравме да имаме фантастична последна четвртина да ја победиме Шпанија за златото. Кој можеда вети дека со најдобрите играчи на теренот ќе победуваме? Деновите на Барселона 1992 се завршени“, додава Брајант.

Scroll to Top