Top Sport

Коби и неговата ќерка биле погребани на приватна церемонија

Легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џијана биле погребани на приватна церемонија во Калифорнија, објави „Њујорк Пост“.

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и репрезентативец на САД и неговата 13 годишна ќерка настрадаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари во Лос Анџелес. Во хеликоптерот покрај Брајант и неговата ќерка загинаа уште седум други лица.

Таткото и ќерката биле погребано минатиот петок во Корона Дел Мар. Јавното збогување со сите девет жртви ќе се случи на 24 февруари во „Стејплс“ центарот во Лос Анџелес.

„Ванеса и семејството сакаат приватен погреб. Церемонијата била исклучително тешка за сите. Се уште не можат да разберат дека изгубија две преубави души“, пренесува „Етертејмент Тунајт“ изјава на неименуван извор.

Scroll to Top