Top Sport

Клаузулата на Клоп: Ако го бараат од Германија заминува веднаш

Навивачите на Ливерпул стравуваат дека тренерот Јирген Клоп би можел да го напушти клубот и пред истекот на новиот договор во 2024 година.

Англиските медиуми пренесуваат дека во новиот договор на Клоп постои клаузула која вели дека тренерот може да го напушти клубот доколку до 2024 година добие понуда од клубот од Бундеслигата или од Фудбалскиот сојуз на Германија.

Во клаузулата стоело дека Ливерпул би помогнале преминувањето да мие што е можно полесно.

Барем засега оваа варијанта не делува реално бидејќи Германецот штотуку ја започна својата жетва на трофеи.

Новиот договор Клоп го потпиша во декември. Тој во изминатите девет месеци ги освои трофеите во Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Scroll to Top