Во последниот меч од својата кариера со Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант ги испрати Јута џез со 60 поени, а голем број од тие поени дојдоа над тогашниот играч на тимот, Гордон Хејворд. Меѓутоа, двајцата никогаш не ја криеја меѓусебната почит која ја имаат.
Сега, по страшната повреда на Хејворд во првиот натпревар за Бостон селтикс, Брајант реши да му пружи поддршка на својот пријател преку Фејсбук.
Gordon Hayward’s injury is not for the faint-hearted ?? pic.twitter.com/7NatZQ5pKU
— Certain Betting (@CertainBetting) October 18, 2017
„Биди тажен, биди лут, биди исфрустриран. Врескај. Плачи. Кога ќе се разбудиш ќе мислиш дека беше само кошмар, но реалноста е таа. Ќе се обидеш да го вратиш тој ден, тој натпревар, но реалноста не ти дава шанси за такво нешто. Време е да се фокусираш на тоа што го правиш, да се подготвиш за операција, да ги прашаш сите потребни прашања за да имаш поголеми шанси за опоравување. Патот е долг, но ќе најдеш и убавина во борбата да правиш едноставни работи. Ќе благодариш што можеш да одиш, да трчаш, да тренираш. Вербата ќе расте со секој напор. Ти посакувам најдобра среќа на овој пат, мој брату“, напиша Коби.
Фантастична порака од фантастичен спортист.