Top Sport

Кокошков испиша историја во НБА, ќе биде тренер на Феникс Санс

НБА тимот Феникс Санс, од наредната сезона ќе го предводи Србинот Игор Кокошков, соопшти франшизата од Аризона. Кокошков, во мометов е асистент во Јута Џез, тој е првиот Европеец што ќе биде главен тренер на некој НБА екипа.

Феникс тековната сезона ја завршија на последното место во лигата со само 21 победа и 61 пораз, што значи дека на престојниот драфт ќе имаат најмногу шанси да го изберат првиот пик.

Кокошков на клупата ќе го наследи Џеј Тријан, кој беше само вршител на должноста, откако Ерл Вотсон доби отказ по само три натпревари. Кокошков е 19.тренер во историјата на оваа франшиза.

Кокошков има 46 години, кариерата ја започнал во младинските категории во ОКК Београд и Партизан, а во 1999 година се преселил во САД, на универзитетот Мисури.

Во НБА лигата е од 2000 година, бил асистент во ЛА Клиперс, Детроит Пистонс, Кливленд Кавалирс и Орландо Меџик.

Во европа работел како селектор на две репрезентации, Грузија и Словенија, со која минатиот септември стана европски првак. Кокошков од 2010 година има и американско државјанство.

Scroll to Top