Top Sport

Брејк на џезерите во Хјустон, Јута израмни на 1-1 (Видео)

Јута израмни на 1-1 против Хјустон во полу-финалната серија во Западната конференција. Џезерите го добија вториот меч од серијата со 116:108.

Првиот дел во Хјустон, целосно им припадна на „џезерите“ од Солт Лејк Сити. Во еден дел од втортата четвртина тие имаа предност од 19 поени. Сепак до крајот на првиот дел, Хјустон, предводен од Џејмс Харден, ја преполовија предноста. Харден во вториот период постигна 17 поени.

Хјустон во ист ритам продолжи и во третиот период и на почетокот на решавачката четвртина Јута влезе со само оен предност. Потоа џезерите со серија 10:0 успеаја да се одлепат нан 108:96 и да го решат победникот.

Јута до победата ја предводеше Австралиецот Џо Инглс. Поранешниот играч на Барселона постигна 27 поени, тој погоди седум тројки од 10 обиди. Изворедниот дебитант Донован Мичел забележа 17 поени и 11 асистенции, а францускиот центар Руди Гобер мечот го заврши со 15 поени и 14 скока.

На спротивната страна се истакна Харден со 32 поени, 11 асистенции и седум скока.

Scroll to Top