Лејкерси, Милвоки, Финикс, Бостон, Бруклин, изминатата ноќ запишаа порази во НБА лигата.
Без Леброн Џејмс, Лејкерси добија уште една шлаканица на почетокот на сезоната. Оклахома ги совлада „езерџиите“ со 123:115.
Оклахома до победата дојде со спектакуларен пресврт. Во еден дел од натпреварот Лејкерси имаа предност од 26 поени. Во последните 25 години, Лејкерси до дуелот со Оклахома 230 пати успеале да победат кога имале предност од 25 или повеќе поени.
Џилџес-Александер постигна 27 поени, Безли уфрли 20 во победата на Оклахома. На спротивната страна Вестбрук против поранешниот тим го забележа 185.трипл-дабл во кариерата (20 поени, 14 скока, 13 асистенции), Дејвис уфрли 30 поени.
Минесота прв пат по сезоната 2013/2014 успеа да победи во Милвоки. Расел, Ентони-Таунс и Едвардс го урнаа шампионот, во чии редвои ги немаше Брук Лопез и Џру Холидеј.
Расел постигна 29 поени, а Таунс и Едвардс по 25, во победата на Минесота од 113:108.
На спротивната страна блескаше Адетокумбо со 40 поени, 16 скока и седум асистенции, за помалку од 35 минути.
Сакраменто, во Аризона, славеа над Финикс 110:107. Натпреварот, со звукот на сирената, го реши Херисон Барнс. Крилниот центар на Сакраменто погоди од тешка позиција преку Девин Букер.
Ејтон со 21 поен и 21 скок, односно Букер со 31 поен се истакнаа во редовите на Финикс, додека Сакраменто го предводеа Бади Хилд со 26 и Барнс со 22 поени.
Harrison Barnes for the win. Awful loss for the Suns pic.twitter.com/D1O5gxtPeq
— Gerald Bourguet (@GeraldBourguet) October 28, 2021
Резултати:
Орландо-Шарлот 111:120
Бостон-Вашингтон 107:116
Бруклин-Мајами 93:106
Њу Орлеанс-Атланта 99:102
Торонто-Индијана 118:100
Портланд-Мемфис 116:96
ЛА Клиперс-Кливленд 79:92.