Top Sport

Кори Хигинс се збогуваше со ЦСКА

Кори Хигинс еден од најдобрите играчи на европскиот првак ЦСКА Москва, објави дека го напушта клубот. ЦСКА, вчера ја завршија сезоната откако ја освоија титулата во регионалната ВТБ лига.

По титулата во Евролигата, ЦСКА ја потврдија фаворитската улога и во ВТБ лигата и со лесни 3-0 ја добија финалната серија против Химки. Од денес кошаркарите се на одмор, а пред челниците е многу работа бидејќи на поголем дел од кошаркарите им истекоа договорите.

Еден од нив е Кори Хигинс кој веќе се поздравил со соиграчите и заминал од клубот. Американецот интересот не го кријат Барселона и Анадолу Ефес, а наводно од Каталонија му понудиле 10 милиони евра за три сезони.

„Можам да потврдам дека заминувам од ЦСКА, ова поглавје од мојот живот е завршено, Овде минав преубави моменти на кои ќе се секогаш ќе се сеќавам. Ќе ми недостига овој период“, рекол Хигинс.

Американецот сезоната ја заврши со просек од 12,8 поени по натпревар.

Scroll to Top