Top Sport

Коркмаз со драматична „тројка“ за Сиксерси, Јокиќ ги предводеше Денвер (видео)

Филаделфија 76ерс го надминаа отсуството на Џоел Ембид да ги „стопираат“ Портланд трејлблејзерс со 129:128 и да останат единствениот непоразен тим во НБА лигата. Фуркан Коркмаз беше човек на одлука, откако постигна тројка на 0.4 секунди пред крајот на мечот, по што Дамијан Лилард не успеа да го направи истото за Блејзерс.

Претходно, Филаделфија водеше со 126:125, пред Енферни Сајмонс на 2.6 секунди да постигне тројка за Портланд, но тоа не беше доволно за победа. Блејзерси водеа со 21 поен разлика во средината на третата четвртина, но Сиксерси успеаја да имаат импресивен кам-бек.

Никола Јокиќ ги предводеше Денвер нагетс до кам-бек победа од 91:87 на гости кај Орландо меџик за четврти триумф во првите шест меча од НБА лигата. Јокиќ имаше катастрофален старт и по полувремето имаше само четири поени, пред да „експлодира“ во второто полувреме и да ја избрише негативата од 11 поени до крајот на третата четвртина.

Јокиќ го заврши мечот со 20 поени (7-од-14), седум скока и четири асистенции, Џамал Мареј исто така имаше 20 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Бруклин 113:109

Орланд – Денвер 87:91

Мемфис – Феникс 105:114

Милвоки – Торонто 115:105

Вашингтон – Минесота 109:131

Голден стејт – Шарлот 87:93

Портланд – Филаделфија 128:129

Scroll to Top