Top Sport

И „малиот“ Маркез стана Мото2 шампион

Алекс Маркез, помладиот брат на Мото ГП „царот“ Марк Маркез, ја освои Мото2 титулата откако Малезиското ГП во Сепанг го заврши на второто место зад својот главен ривал, Јужноафриканецот Бред Бајндер, пред Швајцарецот Томас Лути.

Возачот на Марк ВДС тимот ја доби тесната битка со Бајндер и Лути за да ја освои својата втора титула во кариерата, по Мото3 круната од 2014 година.

„Ова е остварување на сонот. Одлично е што повторно и јас и Марк сме светски шампиони“, изјави 23-годишниот Алекс Маркез.

Во текот на 18-те круга на Сепанг имаше постојана трилер-битка на Бајндер и Маркез. Шпанецот успеа да го помине Бајндер на стартот на трката, но неколку круга подоцна Јужноафриканецот се врати во водство и остана на првото место до крајот на трката.

Scroll to Top