Top Sport

Корона вирусот ги пресели квалификациите во Србија

Квалификацискиот турнир за кошаркарки, за пласман на Олимписките игри во Токио, што требаше да се игра во Фошан, Кина е префрлен во Белград соопшти ФИБА.

Светската кошаркарска федерација реагираше на ваков начин поради епидемијата на корона вирусот.

Ова значи дека во февруари, во Белград ќе се играат два квалификациски турнири.

Србија ќе им биде домаќин на репрезентациите на САД, Мозамбик и Нигерија, додека учеснички на турнирот што требаше да се игра во Фошан се Кина, Велика Британија, Јужна Кореја и Шпанија.

„Белград има одлични услови за организација, а на четирите земји од оваа квалификациска група не им се потребни визи за влез во Србија“, ја образложи ФИБА својата одлука.

Квалификациските турнири во Србија на програмата се од 6 до 9 февруари.

Scroll to Top