Top Sport

Ериксен пристигна во Милано: Секако дека сум среќен

Фудбалерот на Тотенхем Кристијан Ериксен пристигнал во Милано. Откако ќе ги мине лекарските прегледи тој треба да потпише четири и пол годишен договор со Интер.

На аеродромот во Милан, покрај бројните новинарски екипи, данскиот репрезентаивец бил пречекан од тим-менаџерот на Интер, Матија Таљакарне. Новинарите го прашале дали е среќен што доаѓа во Италија.

„Секако дека сум среќен“, рекол Ериксен.

Данецот и во летниот преоден рок беше трансфер-цел на Интер, меѓутоа клубовите не можеа да се договорат за обесштетувањето.

Тотенхем сепак попуштија во овој преоден рок, се согласија да го продадат за сума од 20 милиони евра.

Ериксен во Интер ќе има годишна плата од осум милиони евра и дополнителни бонуси за секој освоен трофеј.

Scroll to Top