Top Sport

„Корпа“ за Јокиќ, Јанис, Џорџ и Харден кандидати за МВП наградата

НБА лигата ги соопшти имињата на играчите во најтесниот круг кои се борат за престижната награда – МВП на сезоната.

На списокот од тројца играчи нема место за кошаркарот на Денвер Нагетс, Србинот Никола Јокиќ зад кого е одлична сезона.

Трката за МВП ја водат Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ и Џејмс Харден.

Интересно е тоа што од тројцата кандидати само Гркот се уште игра во плеј-офот.

Адетокумбо сезонава во просек има 27,1 поен, 12,5 скока и 1,5 блокади по меч во лишашките натпревари.

Пол Џорџ во дресот на Оклахома забележа просек од 28 поени, 8,2 скока и 4,1 асистенции по меч.

Џејмс Харден како предводник на Хјустон Рокетс сезонава имаше просек од 36,1 поени по меч. Токму тој минатата сезона го понесе ласкавото признание.

Scroll to Top