Top Sport

Гест за почит: Елина Свитолина и ја плати операцијата на 16-годишна тенисерка

Украинската тенисерка Дариа Лопатетска има 16 години, зад себе има 3 ИТФ титули, стигна до 231 место на ВТА листата и се предвидува голема кариера. За жал на турнирот во Рим доживеа тешка повреда на коленото, по што и беше потребна операција на менискусот во најкраток можен рок.

Родителите на младата тенисерка немаа доволно средства, па напомош им излезе големата ѕвезда на украинскиот и на светскиот тенис, Елина Свитолина (24) која моментно е шеста на ВТА листата.

Свитолина го платила комплетниот хируршки зафат во Италија кој чинел 12.000 евра.

По операцијата младата тенисерка се чувствува добро и се очекува наскоро повторно да ја видиме на тениските терени.

Scroll to Top