Top Sport

Кошаркарките загубија од Белгија со 71 поен разлика

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија загуби преубедливо (112:41) на гостувањето во Белгија. Големиот фаворит ја оправда улогата и стигна до триумф.

Македонија своите први поени на средбата ги постигна во седмата минута, преку Стојановска, која го погоди и дополнителното слободно фрлање. Тогаш Белгија веќе имаше водство од 22:2.

Во отсуство на капитенот Анџелика Митрашиновиќ, потоа и Едина Муса, и без вистински организатор на играта, Македонија имаше проблеми во организацијата на нападите.

Расположениот противник знаеше тоа да го искористи максимално и по првиот период имаше предност од 34:3.

На полувремето Белгијките водеа со 57:16, а до крајот разликата се искачи на 71 поен предност.

Антиќ постигна 15.поени, Стојановска имаше 14, но изостана поентерска поддршка за нив од останатите македонски кошаркарки.

Scroll to Top