Македонската кошаркарска репрезентација се искачи за една позиција на најновата ранг листа на Светската кошаркарска федерација (ФИБА).
Победата над Словечка во претквалификациите за пласман на Светското првенство во Кина и „падот“ на Велика Британија за две места, ја искачија Македонија на 39. место во светски рамки, односно на 21. место во Европа.
Кога станува збор за пласманот во Топ 10 тука има три пормени. Грција се врати меѓу најдобрите десет во светот, каде повеќе не е Бразил, додека Франција ја мина Србија на третото место, а Аргентина ја презеде петтата позиција од Литванија.
Во Топ 10 се САД, Шпанија, Франција, Србија, Аргентина, Литванија, Словенија, Хрватска, Грција и Австралија.
фото/mkf.mk