Два натпревари се одиграа синоќа во најсилната кошаркарска лига во светот. Голден Стејт Вориорс беше домаќин на Денвер Нагетс и победи со 113:102, а Бруклин Нетс славеа со убедливи 129:100 против Филаделфија во првата пресметка со пребегнатата ѕвезда Џејмс Харден.
Драматична завршница имаше натпреварот во Денвер, во кој Вориорс победија со серија од 13:0. На влезот во последните две минути резултатот беше 102:102, потоа Стеф Кари погоди за предност, а Џордан Пул врза две тројки во последната минута.
Кари го заврши натпреварот со 34 поени и девет скока, Пул помогна од клупата со 21 поен, пет скока и седум асистенции, а Џонатан Куминга и Клеј Томпсон додадоа 18 за победничкиот тим. Ова беше натпревар во кој Стеф Кари со карактеристична тројка од голема далечина стигна до бројката од 20.000 поени. Тој стана 49. играч во историјата на НБА лигата со толку многу поени.
Навивачите на Филаделфија пред натпреварот со свирежи ја пречекаа поранешната ѕвезда на клубот, Бен Симонс, но тоа беше се што можеа да направат бидејќи тој не играше на првиот дуел против екс – тимот. Играчот кој замина во спротивна насока во таа размена, беше Џејмс Харден, а не се прослави против поранешните соиграчи. Бруклин Нетс победи со убедливи 129:100.
Бруклин Нетс брзо дојдоа до предност што не ја загубија до крајот на мечот поради одличниот настап на Кевин Дурент (25 поени, 14 скокови, седум асистенции), Кајри Ирвинг (22 поени, пет асистенции) и поранешниот играч Сет Кари кој со шут (10/14) уфрли 24 поени.
Џоел Ембид со 27 поени и 12 скока беше првото име на Филаделфија на која и недостигаше вистинскиот Харден. Тој постигна 11 поени со шест скока и пет асистенции во ноќ со многу промашувања. Тој шутираше со катастрофален ефект на прецизност (3/17).