Top Sport

Кожув доведе двајца Американци за новата сезона

Македонскиот кошаркарски прволигаш Кожув ангажираше две засилувања од САД во пресрет на новата сезона. Американските кошаркари Фредерик Скот и Мајрон Гордон ќе го носат дресот на тимот од Гевгелија во новиот шампионат.

Скот ја покрива крилната позиција, а во Кожув доаѓа од Универзитетот Бостон, додека Гордон е бек и настапувал за Универзитетот Боулинг Грин Стејт.

Тие го надополнуваат новиот ростер на Кожув во кој се најдоа и Лука Петровски и Теодор Милевски кои претходно пристигнаа во Гевгелија.

Scroll to Top