Кевин Дурент веројатно нема да се враќа во тимот на Голден стејт Вориорс до крајот на сезоната. Крилниот играч надвор пред еден месец се повреди на мечот со Хјустон во полу-финалната серија на Западот.
Вориорс се наоѓаат во тешка ситуација, во финалана серија против Торонто Репторс и тешко дека ќе можат да ја одбранат титулата.
Без Дурент, Ворирос го играа последниот меч од полу-финалето со Хјустон и целата финална серија против Портланд.
„Дурент едноставно не е подготвен. Неговото тело не е подготвено. Никој не верува дека ќе се врати, самиот не верува во тоа. Се сомневам дека оваа сезона Дурент ќе игра кошарка. Многу луѓе се фрустрирани поради тоа“, рекол Брајан Винфхорст.
Инаку, Дурент на крајот од сезоната ќе стане слободен играч и речиси е сигурно дека ќе замине од Голден стејт Вориорс.