Top Sport

Крис Пол доаѓа во Голден Стејт

Еден од најдобрите стрелци во НБА, Бредли Бил, пристигна во Феникс Санс и им се придружи на уште двајца фантастични стрелци, Кевин Дурент и Девин Букер, а тимот речиси и да не изгуби вредност во тој процес.

Тие го испратија Крис Пол во Вашингтон, кого беа подготвени да го отпуштат само за да се ослободат од него, ротацискиот шутер Лендри Шамет и голем број драфт пикови во втората рунда и право да трејдуваат уште неколку идни пикови.

Сепак, Пол не треба долго да остане во Вашингтон, кој е во процес на целосна „обнова“. Најсигурниот НБА инсајдер Адријан Војнаровски известува дека Пол ќе замине во Голден Стејт Вориорс, каде што ќе ги здружи силите со Стеф Кари, а младиот Џордан Пул треба да замине во Вашингтон, заедно со идни пикови на драфтот.

 

Scroll to Top