Тони Кукоч, еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, трикратен европски првак со Југопластика и трикратен НБА шампион со Чикаго Булс, конечно дочека да влезе во Куќата на славните, во Спрингфилд.
По ток повод, Кукоч, организирал прес конференција во салата „Грипе“, каде започна неговата блескава кариера. Меѓу другото одговорил и на прашањето колку е реален документарниот филм „Последниот танц“, посветен на Мајкл Џордан.
„Тоа е во најголем дел серијал за Џордан и тој требаше да го даде својот благослов за да биде објавен. Знаевме дека во чекор ќе се следи нашата последна сезона, дека ќе се снимаат сите натпревари и се она што се случува зад сцената. Лично, мислев дека ќе има повеќе за начинот на кој ние ја игравме кошарката, за да можат сите овие деца кои сметаат дека Кари и Леброн се најдобри да видат колку тогаш се играше експлозивна, супер кошарка. Кога Мајкл ќе го прашаат дали е Г.О.А.Т (најдобар на сите времиња) тој искрено вели дека не може да го каже тоа бидејќи не играл пртив Бил расел, Вилт Чембрлен, Стеф Кари…Кога станува збор за „Последниот танц“, мислам дека 70 отсто од работите се точни и вистинити. Останатот е за да се продаде серијата. Мотам да признаам дека некои работи кои се објавени во филмот, јас лично не ги знаев, бидејќи кога играш и тренираш не можеш да знаеш што се случува во канцелариите или на другиот крај од автобусот“, рекол Кукоч.