Кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда соопшти дека центарот Огњен Кузмиќ бил успешно опериран во Ургентниот центар во Белград.
Со оваа операција во анатомска позиција биле вратени скршената горна вилица и останатите повреди на лицето. Клубот соопшти дека по хируршкиот зафат Кузмиќ може непречено да дише.
Здравствената состојба на кошаркарот е стабилна, иако тој и понатаму се наоѓал во вештачка кома.