Двократниот НБА шампион, Ламар Одом открива дека се откажал од порнографијата и благото во обид да се врати на професионалната кошарка.
39-годишниот ветеран неодамна беше деактивиран од „Биг 3“, професионалната кошаркарска лига во која играат членови на Куќата на славните, светски шампиони и кошаркари кои настапиле на Ол-стар натпреварите бидејќи не бил во доволно добра физичка форма.
„Го исклучив благото и порнографијата. Се обидувам да бидам подобар“, вели Одом, кој додава дека не гледал порнографија повеќе од месец дена и дека се обидува да води „поздрав“ живот.
Неговата девојка и личен тренер, Сабрина Пар, му помага во изборот на исхраната и во тренинзите. Одом, кој претходно се пофали дека имал секс со повеќе од 2.000 жени (вклучувајќи проститутки и стриптизети), во мај откри дека ја измамил допинг-контролата на Олимпијадата во Атина во 2004 со користење на „вештачки пенис“.