Top Sport

Ларкин блесна, турското дерби за Ефес, Реал ја демолираше Басконија

Шејн Ларкин беше супериорен во финишот на мечот, за Анадолу Ефес да стигне до 89:84 победа над Фенербахче во турското евролигашко дерби во 12. коло.

Ларкин постигнаа 11 од своите 25 поени во последните шест минути од мечот, а имаше вкупно седум асистенции во неговиот најдобар меч оваа сезона. Тој беше фантастичен со тројките за да ги донесе Ефес блиску до лутите ривали во последната четвртина, а на 41 секунди пред крајот постигна поени за 85:84. Фенер потоа ја загубија топката, а Василије Мициќ постигна две слободни фрлања, пред потоа Нандо де Коло да промаши за пораз.

Ова беше четврта победа во низа за Ефес, додека Фенер има четири порази за да има само 3-9 скор и да се постави притисок на тренерот Саша Ѓорѓевиќ.

Во шпанското дерби пак, во „Фернандо Буеса“ арената, Реал Мадрид стигна до убедлива 88:60 победа над Басконија, предводени од своите француски кошаркари. Фабиен Касер имаше 13 поени, Томас Ертел додаде 12, а свој придонес дадоа и Винсен Пориер (8 поени) и Гершон Јабуселе (7 поени).

ЕВРОЛИГА, 12.КОЛО

ЦСКА Москва – Баерн Минхен 77:74 (18:24, 14:17, 24:16, 21:17)

Фенербахче – Анадолу Ефес 84:89 (18.20, 23:16, 26:20, 17:33)

Алба Берлин – Макаби Тел Авив 91:86 (21:17, 24:18, 20:23, 26:28)

Басконија – Реал Мадрид 60:88 (14:25, 20:28, 13:18, 13:17)

Панатинаикос – Зенит Санкт Петерсбург 70:64 (15:23, 18.15, 20:10, 17:16)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top