Шејн Ларкин најдобриот играч во Евролигата, која поради пандемијата на коронавирусот беше прекината, рекол дека многу подобро се чувствува во европската кошарка отколку во НБА.
Ларкин во интервју за „Степ Бек“ проговорил за потенцијалното враќање во НБА лигата каде во минатото играч за Далас Маверикс, Њујорк Никс, Бруклин Нетс и Бостон Селтикс.
Тој рекол дека во НБА би играл помалку и не би имал одговорност на теренот каква што има во Евролигата. Поради тоа тој би одбил понуда од НБА екипа, би направил исклучок само доколку би му била гарантирана минутажата.
„Не сакам да се вратам во НБА и да бидам маргинален играч, не сакам да бидам трет плејмејкер. Доколку некој тим се јави со таква понуда нема ни да се јавам“, рекол Ларкин.
Американецот со турски пасош сезонава во Евролигата имаше просек од 22,2 поени по натпревар. Ларкин сезонава против Баерн постигна 49 поени што е апсолутен рекорд во Евролигата.