Top Sport

Новинари го нападнаа Ѓоковиќ: На Адрија Тур не се почитуваат мерките за заштита

Американскиот новинар Бен Ротенберг кој го следи тенисот упатил жестоки критики за организацијата на „Адрија Тур“. Овој турнир чии организатор е Новак Ѓоковиќ започна вчера во Белград. На турнирот учествуваа големите ѕвезди Доминик Тим, Алкесандар Зверев и Грогор Димитров.

Вчера беа одиграни првите мечеви, а публиката си направи одлична забава. Меѓутоа Ротенберг исто како и неговиот колега Рене Денфелд нема позитивно мислење за овој настан.

„Секако, нема социјална дистанца на прес-конференциите. Навивачите исто така не ги почитуваат мерките за заштита. Друга земја, поинаков стадиум на вирусот, но после неколку месеци карантин не ви е пријатно кога ќе го видите ова“, рекол Денфелд, а Ротенберг се надоврзал на неговата изјава.

„Гледам колку луѓето се блиски, се прегрнуваат на „Адрија Тур“, како да заборавивме зошто постои турнирот. Се надевам дека се ќе мине во најдобар ред, но ме прави да се чувствувам нервозен кога гледам таков метеж во јуни 2020 година“, напишал американскиот новинар.

Scroll to Top