Top Sport

Ларкин со историски меч за Ефес, Реал со шеста победа во низа (видео)

Неверојатниот Шејн Ларкин постави рекорд по бројот на поени во еден меч од Евролигата, за да ги предводи Анадолу Ефес до уште поневеројатна 104:75 победа над Баерн Минхен во 11. коло.

Од првото полувреме, Ларкин беше расположен за игра, завршувајќи го првото полувреме со 25 поени, за на крајот да заврши со 49 поени (10-од-12 тројки), 5 асистенции и два скока. Со ова се сруши рекордот на Боби Браун од Монтепаски Сиена во 2013 година, кога тој постигна 41 поени.

Предводени од него, Ефес лесно стигна до предност која изнесуваше 20 поени на стартот на последната четвртина за деветта победа во 11 меча.

Аргентинското дуо Факу Кампацо и Габриел Дек повторно беа во топ-форма за Реал Мадрид, за шеста победа во низа, овојпат со 86:71 над Зенит Петербург, за кои ова е шести пораз во низа и тие се на дното на Евролигата со 2-9 скор.

Кампацо имаше 19 поени и 6 асистенции, додека Дек додаде 15 поени и 8 скока за Реал. За Зенит, екскошаркарот на Реал, Густаво Ајон имаше 18 поени и 10 скока.

ЕВРОЛИГА,11.КОЛО

Зенит Петербург – Реал Мадрид 71:86 (19:22, 18:22, 19:22, 15:20)

Анадолу Ефес – Баерн Минхен 104:75 (30:22, 27:18, 19:18, 28:17)

Scroll to Top