Top Sport

Дали е подготвен за омраза? Почетино е „реална“ опција за Арсенал!

Неверојатниот склоп на околности на крајот може да донесе отпуштениот тренер на Тотенхем, Маурисио Почетино да стане нов тренер на најлутите ривали Арсенал по отпуштањето на Унаи Емери тврдат британските медиуми, со што Аргентинецот сигурно ќе стане најомразената личност кај навивачите на Спарси.

Според „Атлетик“, бордот на Арсенал во моментов подготвува листа на кандидати за пополнувањето на испразнетото место, и покрај веќе објавените имиња како Микел Артета, Масимилијано Алегри, па и Патрик Виера, на листата е и Почетино, кој неодамна беше отпуштен и заменет со Жозе Мурињо.

Предноста на 47-годишниот Почетино е што тој со целиот свој тим веќе живее во Лондон, иако не е јасно на каков прием ќе наиде оваа одлука, и тоа не кај навивачите на Тотенхем (кои сигурно ќе го мразат), туку кај навивачите на „топчиите“, кои веќе неколку години се разочарани од потпросечната форма на тимот кој едно време „жареше и палеше“ во Премиер лигата.

Претходно, Почетино изјави дека никогаш не би бил тренер на два клуба.

„Нема да можам да бидам тренер на Барселона или Арсенал бидејќи сум идентификуван со Тотенхем и Еспањол. Исто така пораснав со Њуел олд бојс и никогаш нема да бидам тренер на Росарио сентрал во Аргентина. Тоа е мојата одлука, подобро да одам да работан некоја фарма во Аргентина“, изјави тој минатата година.

Ако, сепак, се случи ова, Почетино нема да биде првиот тренер со ваков трансфер. Џорџ Греем беше тренер на двете екипи во 1990-тите, додека Сол Кемпбел е најпознат меѓу фудбалерите, откако во 2001 година направи трансфер од Спарси во Арсенал, и беше „одбележан“ како „Јуда“ на стариот „Вајт харт лејн“.

Арсенал го отпуштија Унаи Емери

Scroll to Top