Top Sport

Леброн безмилосен против Кавс (видео)

Лос Анџелес лејкерси со 128:99 ги „растурија“ Кливленд кавалирс за својата 33. победа оваа сезона, меч во кој Леброн Џејмс немаше милост кон својот поранешен клуб, уфрлајќи 31 поен и додавајќи 8 асистенции и 15 скокови.

Кливленд започна одлично и по првата четвртина имаше 27:21 предност, која ја заддржа и на полувреме (48:47), меѓутоа потоа на сцена стапија Лејкерси кои почнаа да доминираат и направија предност од над 30 поени, која на крајот беше доволна за убедлив триумф.

Покрај Леброн, Двајт Хауард имаше 21 поен и 15 скока, додека за Кавс, Кевин Лав имаше 21 поен, 11 скокови и 3 асистенции.

Scroll to Top